Неславно деби на Ристовски за Динамо Загреб: Црвен картон во победата на дербито со Осијек

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски запиша неславно деби во дресот на Динамо Загреб. На првиот натпревар за „модрите“ Ристовски доби црвен картон во триумфот на дербито против Осијек од 1-0.

Ристовски за само пет минути од 72. до 77. минута доби два жолти картони за исклучување. Македонскиот фудбалер вториот го доби по голема грешка откако противничкиот фудбалер Миерез му избега, а Ристовски го собори по што доби втор жолт картон.

Гостите не успеаја да ја искористат квантитавната предност на теренот, па Динамо Загреб до победата дојде со голот на Оршиќ уште од 15. минута.

Вториот македонски репрезентативец во редовите на хрватскиот шампион, Аријан Адеми го одигра целиот натпревар за „модрите“.

Се вчитува...