Нестор-гол во Палермо е веќе идол (ВИДЕО)

Илија Несторовски дојде во Палермо ова лето и веднаш експлодира со одлични игри и голови, промовирајќи се во еден од најдобрите фудбалери на клубот. Тоа го чувствуваат и фановите, кои дојдоа во голем број на дружењето со него во клупските простории. Сите сакаат да имаат фотографија за спомен и автограм од најдобриот клупски стрелец.

nestor potpis 2

Нестор-гол веќе стигна до бројката од девет погодоци во Серија А оваа сезона, а фановите се надеваат дека ќе продолжи во ист стил до крајот и дека заедно со соиграчите ќе го извлече Палермо од опасната зона на табелата.

Се вчитува...