Нестор-гол за триумф на Удинезе против Фиорентина (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски по подолго време се најде во почетниот тим на Удинезе во Серија А, и веднаш донесе победа за „црно-белите“ во пресметката против Фиорентина од 24. коло.

Удинезе славеше со 1-0, благодарение само на голот на Несторовски во 86. минута кој прекрасно со глава ја затресе противничката мрежа…

 

За македонскиот напаѓач ова е втор гол сезонава во дресот на Удинезе.

Се вчитува...