Несторовски: Меси да дојде во Македонија, и него ќе го навредуваат

Илија Несторовски во разговор „во живо“ на инстаграм со Горан Пандев на шега го прокоментира македонскиот менталитет и навредите што фудбалерите редовно ги добиваат од трибините за време на натпреварите на домашната сцена.

Дијалогот почна со прашањето до Пандев, дали ќе се врати назад во Академија Пандев за да ја заврши кариерата.

„Не, тоа нема да се случи. Јас веќе реков дека ќе ја завршам кариерата во Италија, овде во Џенова. Каде сега на овие години да се вратиме доле, да играме“, коментираше Пандев, на што се надоврза Несторовски.

По тие ливади. Меси да дојде во Македонија, и него ќе го навредуваат. Колку само навреди имаме слушано“, додаде асот на Удинезе.

Се вчитува...