Несторовски мора на операција, крај на сонот наречен ЕВРО 2020

Илија Несторовски дефинитивно нема да може да настапи за Македонија на претстојниот европски шампионат откако беше обелоденето дека повредата што нашиот голгетер ја заработи на еден од последните тренинзи на Удинезе е од посериозен карактер.

Несторовски утрово замина на специјалистички преглед на лигаментите на коленото во Рим, но од италијанската метропола стигнуваат лоши вести – Македонецот ќе мора што поскоро да биде опериран. Италијанските медиуми најавуваат дека тој уште денеска ќе замине „под нож“, а потоа ќе следи и повеќемесечна пауза од терените.

Ова фактички значи дека нема никакви шанси асот на Удинезе да се рехабилитира навреме за настап на ЕВРО 2020. Несторовски беше стандарден првотимец за време на настапите во Лигата на Нации, а се очекува во негово отсуство улогата на прв напаѓач крај Горан Пандев да му припадне на Александар Трајковски.

Се вчитува...