Несторовски со ефектен гол не дозволи шампионско славје на Јувентус: Триумф на Удинезе во 92. минута (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не дозволи Јувентус уште вечерва, на три кола до крајот од шампионатот во Серија А, да ја прослави десеттата по ред шампионска круна откако со неговиот Удинезе славеа во 35. коло против „Старата дама“ со 2-1.

Несторовски беше најдобриот поединец во тимот на Удинезе, максимално борбен во второто полувреме кога се кршеше резултатот, а стрелец и на извонреден погодок во 52. минута за израмнување во тие моменти на резултатот на 1-1.

 

Претходно Јувентус поведе со 0-1 со голот на Де Лихт во 42. минута од средбата… Триумфот на Удинезе го донесе Фофана со гол по брз контранапад во 92. минута.


Се вчитува...