Несторовски во елемент, Неапол во шок (видео)

Наполи неколку месеци се интересира за Илија Несторовски, а „наполитанците“ вечерва на дело ги видоа квалитетите на македонскиот голгетер. По само неколку минути игра на „Сан Паоло“ тимот на Палермо неочекувано поведе со 0-1, а стрелец беше токму Несторовски, кој со прецизен удар со глава од седум-осум метри го матираше домашниот голман.

Ова е осми погодок на македонскиот ас во Серија А сезонава, прв по пауза од повеќе од два месеци, откако последниот го постигна на гостувањето против Болоња (3-1) на 20 ноември 2016 година.

Ilija Nestorovski Goal HD – Napoli vs Palermo 0… by timefootball

Се вчитува...