Несторовски: Зборот „откажување“ не постои во мојот речник

Илија Несторовски останува во фокусот на италијанската јавност по одличниот настап за Удинезе на дуелот со Фиорентина, на кој токму македонскиот репрезентативец го постигна победничкиот гол за „фриулијаните“. Јавноста на Апенинскиот полуостров го потенцира фантастичниот карактер на Македонецот, кој остана максимално посветен на колективниот успех иако минутажата што ја добиваше е минимална.

Несторовски имаше понуди да се пресели во Серија Б во текот на јануарскиот преоден рок, но реши да остане и да се бори за минутажа во Удинезе, одлука што се покажа как вистински потег.

„Годинава имам два гола, дватаа многу важни. Многу е подобро од лани, кога имав четири поништени погодоци. Не дозволувам ништо да ме исфрли од ритам, тоа е мојата главна одлика – секогаш давам се од себе, и на тренинг и на натпревар. Зборот „откажување“ не постои во мојот речник, давам 200% од себе кога и да добијам шанса на теренот, да се докажам пред тренерот и пред соиграчите“, истакна Несторовски.

Се вчитува...