Несторовски: Жалам што не му дадов гол на Лацио, заслуживме бод

Илија Несторовски не го криеше разочарувањето по денешниот неуспех на Удинезе откако „фриулијаните“ загубија со 0-1 на домашен терен од Лацио.

Македонскиот репрезентативец влезе во игра на почтокот од вториот дел, а во судиското продолжение имаше одлична шанса, но неговиот удар беше за малку непрецизен.

„Искрено жалам што не му дадов гол на Лацио. Кога ја видов топката како ми се приближува веднаш знаев како да шутнам, го сторив тоа онака како што посакував, но за жал обидот беше за малку непрецизен. Штета е што загубивме, со играта против Лацио заслуживме да освоиме најмалку еден бод“, изјави Несторовски по мечот.

Удинезе по овој пораз остана на 12. место со 33 бода и удобна предност во однос на ривалите кои водат битка за опстанок во италијанската фудбалска елита.

Се вчитува...