Несторовски живее во рајот: Головите за мене се како секс!

Животот му се смени потполно. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во Палермо го живее својот сон, како во рајот, а пред само година или две сакаше да се откаже од фудбалот. Но, реши да се обиде уште еднаш, замина во Интер Запрешиќ и таму почна убавата приказна која сега го доживува својот максимум. Од хрватскиот клуб за 500.000 евра се пресели во Серија А, во тимот на Палермо.

„Јас на сум како другите, кои сонуваат за за Реал Мадрид, Барселона, Јувентус…Јас само сонувам да бидам среќен. А, овде во Палермо живеам како во рајот. Овде имам се, прекрасно семејство, сопруга, ќерка, пари…Знаете, во Македонија се живее многу тешко, и јас сум среќен со тоа што го имам овде“, вели Илија Несторовски во интервјуто за „Газета дело спорт“.

Тој има девет гола од стартот на сезоната во дресот на Палермо и е најпријатното изненадување во италијанскиот фудбал. Речиси сам го носи на плеќи тимот што се бори за опстанок во Калчото.

„За мене головите се огромна радост. Посебно така ги чувствував кога бев помлад. Се случуваше во младинци да победиме со 5-0, а јас да не постигнам гол. Бев многу лут. Но, кога ќе постигнам погодок, тоа за мене е возвишено чувство. Тоти вели дека головите се како убав бакнеж. За мене се како секс“, потенцира напаѓачот на Палермо и македонски репрезентативец.

Се вчитува...