Неверојатен гол на Мбапе: Спринт преку половина терен и потоа мајсторија (ВИДЕО)

ПСЖ во осминафиналето од Купот на Франција го елиминираше Лил со победа од 3-0. Мечот го одбележа Килијан Мбапе кој покажа неверојатна брзина, но и техника, потсетувајќи на Кристијано Роналдо и Лионел Меси заедно, од своите најдобри денови.

Мбапе претрча повеќе од половина терен покрај противничките дефанзивци кои како да ги немаше, а потоа го лобуваше истрчаниот голман на Лил.

Покрај Мбапе, кој освен овој гол, погоди и од пенал, стрелец за ПСЖ беше и Мауро Икарди.

Се вчитува...