Неверојатен гол од 50 метри на Давид Вилја во МЛС лигата… (видео)

Андре Блејк е веројатно еден од најдобрите голмани во МЛС лигата, но поранешниот фудбалер на Валенсија, Барселона и Атлетико Мадрид, Давид Вилја сепак, на неверојатен начин, успеа да го изненади.

На дуелот од МЛС лигата меѓу Њујорк сити и Филаделфија, Вилја во 90. минута одлучи да испрати шут од безмалку 50 метри. Начинот на кој се избори за простор а потоа и го совлада голманот на Филаделфија е навистина неверојатен. Со овој погодок Вилја ги постави конечните 2-0, а по мечот само кратко изјави…

„Па во 90. минути бев прилично изморен од доста трчање, и одлучив да шутирам од 50 метри и да се обидам да постигнал гол!“

Се вчитува...