Неверојатна последна четвртина за ТФТ и голема победа над ФМП Академија

ТФТ славеше со 86-76 против ФМП Академија во последниот натпревар од 21. коло во кошаркарската лига на Македонија. Клучна во натпреварот беше последната четвртина во која гостите скоро осум минути не можеа да постигнат поен, а со фуриозна игра во нападот домаќините стигнаа до важна победа во борбата за што подобра позиција пред суперлигата.

Домашниот тим одлично го стартуваше натпреварот, особено во фазата на напад. Екипата од Кисела вода успеа да постигне дури 27 поени и по десет минути да има предност од (18-27). Вториот период помина во егал, па на паузата гостите заминаа со предноста од првиот период од девет поени (39-48).

Третиот период подобро го отвори домашниот тим. Во неколку наврати доаѓаше до минус пет, но сепак гостите го одбија притисокот, па и по триесет минути се уште беа на позитивата од плус девет која себично ја чуваа од почетокот на мечот (59-68).

Како нови тимови да излегоа на паркетот во последниот период. ТФТ ја зацврсти одбраната, а гостите не можеа да постигнат скоро осум минути. Првите поени ги запиша Ајви на 2:22 секунди до крајот на мечот кога веќе домаќините беа на комотни 77-70. До крајот тимот од Тафталиџе го приведе мечот рутински за конечни 86-76.

Александар Костоски со 25 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените не беа доволни 22 поени на Крстајиќ.

Се вчитува...