Синиша Михајловиќ одржа во Болоња семинар за млади фудбалери на кој, меѓу другото, објасни и зошто сакал да се врати во Болоња и да го заврши тоа што го започнал.
Болоња беше прв клуб кој Михајловиќ го водеше, во сезоната 2008/2009, но доби отказ откако клубот пред крајот на сезоната беше при дното на табелата. Сепак, српскиот стратег се врати во клубот во 2019 година во сезоната во која освои 30 бода во 17 кола притоа осигурувајќи мирна сезона за тимот.
„Најголемо задоволство во досегашното тренирање на Болоња е што се задржавме во Серија А. Во ситуација во која бевме и најголемите оптимисти не се надеваа дека ќе одиграме ваква сезона“ – истакна Михајловиќ и дополни:
„Болоња е првиот тим кој сум го тренирал и никогаш тоа не го заборавив. Едноставно се врзувате. И тоа беше една од причините поради кои се вратив. Не сакам да должам, сакам да си ја завршам работата. А тогаш му останав должен на клубот. Се вратив и поради навивачите. Бев навистина трогнат кога сами ми се јавија да се вратам во клубот и да помогнам. Воопшто не размислував, се вратив да си го вратам долгот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА