Неверојатна тетоважа – Коби Брајант на раката на Кирјос (видео)

Коби Брајант беше спортски идол на Ник Кирјос, Австралиецот на првиот меч по трагичната смрт на кошаркарската легенда се појави во негов дрес од ЛА Лејкерс, а во меѓувреме отиде и чекор понапред за да го задржи Брајант во вечен спомен.

Имено, Кирјос денеска се пофали со новата тетоважа, со ликот на Коби Брајант кој е извонредно нацртан на левата рака на тенисерот.

„Никогаш не го запознав Коби, но кошарката практично е мојот живот. Го следам овој спорт откако знам за себе, а моментот кога се разбудив и ја слушнав трагичната вест, тоа беше многу емоционално, многу тешко“, истакна Кирјос.

 

View this post on Instagram

 

Kobe and the king with me forever & some Jordan 1’s ? @dseeart

A post shared by NK (@k1ngkyrg1os) on

Се вчитува...