Неверојатната Лана Пудар од БиХ, чудото од дете ја шокираше Европа со златото на ЕП (ВИДЕО)

Младата пливачка од Босна и Херцеговина, Лана Пудар е новата европска шампионка на 200 метри делфин, приредувајќи вистински сензационален резултат на Европското првенство кое се одржува во Рим.

Пудар со феноменалниот начин на пливање, буквално ги „збудале“ и англиските коментатори кои во неверица ја проследица целата нејзина трка. Не веруваа дека може да издржи во таков ритам од почеток до крај на трката, но на крај мораа да признаат дека 16-годишната Пудар е навистина чудо од дет.

„Не верувам дека Пудар ќе издржи, но да видиме. Сите во Босна и Херцеговина ќе речат дека може, но сигурно ќе се замори во последните 50 метри. Ова ќе биде неверојатно ако издржи до крајот“ – беше воведниот став на коментаторот, за да како трката привршува полека се менува:

„Знаете што, ќе издржи до крај. Ова е извонреден начин на пливање на 200 метри. Какво пливање. Неверојатно пливање на Лана Пудар, мислев дека ова и е промашена тактика, но таа знае подобро од мене“.

Се вчитува...