Елиф Елмас беше херојот на Наполи во победата над Парма од 2-0 во 20. коло од Серија А. Дијамантот со феноменален гол донесе водство за наполитанците во 32. минута откако во стилот на најдобрите фудбалери во светот си поигра со одбраната на Парма. Во второто полувреме Политано во 82. минута ги постави конечните 2-0. Елмас кој беше најдобар фудбалер на теренот беше заменет во 77. минута.
Наполи се искачи на 4. место на табелата со 37 бода, додека Парма останува 19. со 13 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА