Неверојатно – Роџер Федерер почнува фудбалска кариера?

Швајцарскиот фудбалски петтолигаш Виларепос му понуди договор на Роџер Федерер. Клубот веќе го подготви договорот, доколку Федерер ја прифати понудата. Тие имаат подготвено и дрес „Федерер20“ во знак на 20. освоени грен-слем титули.

„За оваа идеја размислуваме веќе долго време, но никогаш немавме шанса да ја спроведеме. И доколку не прифати да игра за нас, неверојатно ќе биде самото тоа што ќе успееме да направиме врска меѓу Федерер и клубот“, изјави претседателот на клубот Пјер Шоувеј. 

Федерер како дете бил дел од младинските категории на Конкордија од Базел пред да је прекине фудбалската кариера поради тенисот.

Се вчитува...