Екипата на Штутгарт е прв четвртфиналист во Купот на Германија, откако вечерва на гостински терен го совладаа составот на Падерборн. Второлигашот може да жали, затоа што имаше предност до 86. минута, а потоа бундеслигашот со два гола го трасираше патот во следната фаза.
Автоголот на Мавропанос во 4. минута донесе предност за домашниот тим. Интересно е тоа што гостите не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол, не сметајќи го автоголот.
Во 86. минута Хил Диас успеа да израмни, а потоа Гуираси во петтата минута од судиското надополнување да донесе триумф за „швабите“ и пласман во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА