НФЛ како шпанска серија: Тепачка на натпревар поради оставената бремена сестра (ВИДЕО)

Мешаницата која настана на средината од теренот по завршувањето на мечот меѓу Њујорк Џајантс и Лос Анџелес Ремс била предизвикана од долга семејна расправија меѓу Џејлен Ремзи и Голден Тејт. Нетрпението потекнува од минатата година кога Ремзи ја оставил бремената сестра на Тејт и си фатил танчерка од Лас Вегас.

Личната нетрпеливост меѓу двајцата играчи експлодираше по мечот и на снимките јасно се гледа дека двајцата разменуваат удари и соиграчите мора да ги разделуваат. Медиумите во САД тврдат и дека Ремзи го чекал Тејт пред соблекувалната за да ја завршат пресметката.

 

 

 

 

Се вчитува...