НФЛ шампионот елиминиран, Том Брејди нема да се пензионира

Њу Ингланд Петриотс се елиминирани од НФЛ плеј-офот. Актуелниот првак загуби од Тенеси Тајтнс во вајлд-карта рундата со 20-13. За „петриотс“ ова е најраната елиминација од разигрувањето по 2009 година.

По ваквиот расплет за детронизираниот првак сите очи се свртени кои првата ѕвезда, Том Брејди. 43-годишниот квотербек првпат во кариерата станува слободен агент. Тоа ќе се случи на 18 март по официјалното завршување на сеозната.

„Не знам што ќе се случува. Нема потреба да се носат одлуки во овој момент. Не знам што носи иднината. Не би сакал да предвидувам. Многу е неверојатно дека би се пензионирал“ – изјави Брејди по натпреварот на прашањата за неговата иднина.

Том Брејди игра за Њу Ингланд рекордни 20 години. Ги освои титулите во првите три Супербоул настапи во 2002, 2004 и во 2005 година, а потоа го креваша шампионскиот пехар уште трипати. Тој е рекордер по бројот на Супербоул појавувања. Тој е играчот со најмногу титули во историјата на Лигата, а го држи и рекордот на квотербек кој најдолго играл за една франшиза.

 

 

Се вчитува...