НФЛ ѕвезда тешко повредена во вооружана престрелка во Њујорк

Корнербекот на Њујорк Џетс, Крис Бојд е тешко повреден во вооружана престрелка која се случија во центарот на Менхетн во неделата, пренесуваат медиумите во Соединетите американски држави.

Според полицијата во вооружената престрелка се случија пред локал во два часот по полниќ Бојд бил погоден во стомакот. Тој е пренесен во болницата Белвју каде се наоѓа во критична, но стабилна состојба.

Бојд кој како слободен играч потпиша за Џетс, оваа сезона се уште нема настапено на ниту еден натпревар поради повреда на рамото за која е потребен оперативен зафат.

Се вчитува...