НХЛ лигата во тага: Хокеар на Едмонтон почина на само 25 години

Хокеарот на НХЛ тимот, Едмонтон, Колби Кејв почина на само 25 години денеска како последица на излив во мозокот.

Кејв доживеа во вторникот мозочен удар по што итно беше примен на одделот за интензивна нега во болницата во Торонто каде и беше опериран, но не успеа да се опорави.

„Со голема жалост ве известуваме дека Колби Кејв почина денеска“ – објавија од Едмонтон.

Кејв сезонава постигна еден погодок во 11 настап во дресот на канадскиот тим.

Се вчитува...