Нико Ковач e блиску до враќање во Германија

Нико Ковач би можел наскоро да се врати во Бундеслигата. Хрватскиот тренер е блиску до преземање на Борусија Менхенгладбах. Клубот е незадоволен од работата на Ади Хитер поради серијата лоши резултати и веќе е во потрага на негова замена.

Според германските медиуми, челниците на Борусија, гледаат идеална замена во Нико.

Ковач е роден во Германија, каде што ја поминал речиси целата своја играчка кариера, настапувајќи за Херта, Леверкузен, ХСВ, Баерн Минхен, а како тренер ги предводеше Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен, така што враќањето во Бундеслигата би било идеално за него.

Се вчитува...