Нико Ковач го презема кормилото на Херта по отказот за Коркут

Хрватскиот стратег Нико Ковач е први кандидат за преземање на кормилото на бундеслигашот Херта кој денеска му врачи отказ на Тајфун Коркут.

По петтиот едноподруго пораз во Бундеслигата, клубот се одлучи да го раскине договорот со Коркут кој застана на тренерската функција пред само четири месеци.

Спортскиот директор на Херта, Фреди Бобиќ не открива кој ќе биде наследникот на Коркут, но како што пренесуваат германските медиуми негов избор е Нико Ковач.

Се вчитува...