Никогаш повеќе откажувања во Мадрид – Лехечка му се предаде на Оже-Алијасим

Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим е вториот финалист на Мастерс турнирот во Мадрид, откако чешкиот тенисер Јири Лехечка поради повреда мораше да го предаде мечот по само шест одиграни гема во првиот сет.

При резултат 3-3 во гемови и 30-15 на свој сервис, Лехечка со болна гримаса се спушти на колена и го предаде мечот.

На ист начин Чехот и дојде до полуфиналето, откако во четвртфиналето нему му се предаде Данил Медведев.

Во финалето, Оже-Алијасим ќе игра против Русинот Андреј Рубљов.

Се вчитува...