Никој како Куртоа, влезе во историјата со најмногу одбрани во ЛШ

Иако Винисиус вчера го постигна голот за Реал Мадрид вреден победа и титула во Лигата на шампионите, сепак, најзаслужен е голманот Тибо Куртоа кој беше неверојатен, и имаше дури девет одбрани во финалниот натпревар.

Тоа е највисока бројка во еден финален натпревар во Лигата на шампионите, со што Белгиецот влезе во историјата со најголем број одбранети удари. Во ЛШ сезонава имаше дури 59 одбрани, што исто така е рекорд.

Куртоа ги доведуваше до лудило „црвените“ од Ливерпул, кои никако не можеа да го најдат лекот и да го совладаат, а со тоа и да дојдат барем до израмнување и до продолженија.

Се вчитува...