Никола Ѓорѓев потпиша за Ксамакс (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев повторно се враќа во Швајцарија продолжувајќи ја кариерата во редовите на Ксамакс.

Ѓорѓев минатава сезона настапуваше за португалски Фаренсе од каде сега повторно се враќа во Швајцарија.

Претходно во кариерата Ѓорѓев, кој фудбалски потекнува од Цирих, има настапи и за Грасхопрс, Твенте, Арау и Шафхаузен.

Беше член на младата македонска репрезентација која учествуваше на ЕП 2017 во Полска, а има и пет настапи за сениорската селекција.

Се вчитува...