Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со три победи и три порази ги заврши настапите во Европската лига. Иако повредите на Љафтов и Маџунков го спречија тимот да приреди поголемо изненадување, македонските репрезентативци остварија забележителен статистички ефект во главната фаза.
Капитенот Никола Ѓоргиев заврши како четврти најдобар поентер со 108 поени, зад Израелците Либерман (134) и Рура (113), како и Летонецот Јансонс (116). Според процентот на освоени поени по сет, Ѓоргиев е втор во Лигата со висок просек од 5,68 поени. Успешен настап имаше и Филип Савовски, кој се позиционираше на 13. место на листата на најдобри блокери со 13 блокади.
Репрезентацијата сега оди на заслужен одмор, а следниот собир е закажан за 5 август, кога започнуваат подготовките за претстојното Европско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
