Никола Ѓоргиев: Ова е сонот, ова не се мери со ништо друго…Македонија на ЕП!

Македонските одбојкари остварија историски пласман на Европското првенство. Со триумф од 3-0 во сетови над Унгарија, го зграпчија она што одамна го заслужија, пласирајќи се меѓу „среќните пет“ второпласирани селекции во квалификациите, откако беа втори во нашата група Ф, зад Украина. Капитенот Никола Ѓоргиев вели дека за него е ова остварување на сонот.

„Ова е сонот, Ова е најубавиот ден во мојот жибвот после раѓањето на мојата ќерка. Ова не се мери со ништо друго. Македонија на Европско првенство. Имавме три сребра во Европската лига. После поразот од Хрватска, ни се уби желбата за одбојка. Сакавме триумф овде, да победиме на фајналфор во Сребрената лига. Но, еве ја сега радоста. Верувавме, знаевме дека можеме, им реков на момците да одиграме најдобро што можеме и успеавме. Дај боже да одат и фудбалерите на ЕП, и сите други македонски селекции, да победуваат ракометарите. Голема благодарност до сите одбојкарски работници, до државата која многу ни помогна, до сите кои имаат удел во овој голем успех“, изјави капитенот на националниот тим, Никола Ѓоргиев.

Се вчитува...