Никола Ѓоргиев потпиша за германскиот Фридрихсхафен

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев го напушта јапонскиот Осака и следната сезона ќе игра за германскиот тим Фридрихсхафен. Тоа е седма различна дестинација во интернационалната кариера на капитенот на македонскиот национален тим.

Фридрихшафен е еден од најпознатите одбојкарки клубови во Германија, изминатава сезона заврши како вицепрвак во домашниот шампионат. Во историјата има освоено 13 шампионски титули, 16 трофеи во Купот, а има и еден пехар од Лигата на шампионите – во 2007 година.

Се вчитува...