Никола Јокиќ со „трипл-дабл“ го сруши Голден стејт… (ВИДЕО)

Никола Јокиќ е централна приказна од синоќешните натпревари во НБА лигата откако со својот втор „трипл-дабл“ во кариерата го предводеше Денвер до триумф од 132-110 против вицешампионот Голден стејт.

Српскиот репрезентативец за 36 минути на паркетот запиша 17 поени, 21 скок и 12 асистенции, сето тоа дополнето и со две украдени топки за голема победа на тимот од Колорадо.

Денвер на мечот го израмни и рекордот по број на постигнати тројки (24/40), со тоа што Хјустон за истата бројка имаше далеку повеќе обиди (24/61).

Најефикасен на дуелот кај Денвер беше Хуан Ернангомез со 27 поени, а одличен беше и Вил Бартон со 24 поени и 24 скока.

Во поразениот тим, за кој не играа Клеј Томпсон, Пачулија, Ливингстон и Дејвид Вест, предводеше Кевин Дурант со 25 поени. Игудала имаше 15 поени а Стеф Кари – 11 поени, со пет асистенции.

Денвер дојде до 24-та победа, па и со 30 порази се на осмата позиција во Западната конференција, додека Вириорси и натаму се на чело со скор од 46-8.

Се вчитува...