Никола Секулов го доби дресот од рекордната вечер на Роналдо (ФОТО)

Поранешниот член на младите репрезентации на Македонија, Никола Секулов го доби дресот од рекордната вечер на Кристијано Роналдо.

Секулов го следеше синоќешниот натпревар на Јувентус на кој Роналдо ја мина границата од 50 гола во Серија А, на тој начин станувајќи единствен фудбалер со најмалку 50 погодоци во Англија, Шпанија и Италија. На крајот од дуелот, Македонецот доби фотографија со Роналдо и подарок – дресот од натпреварот со Лацио.

Секулов е дел од младинскиот тим на Јувентус, иако не ретко се приклучува и на тренинзите на сениорскиот состав. Во минатото настапуваше за репрезентациите на Македонија до 17 и до 19 години, но пред една година се одлучи да го прифати повикот да настапува за младинските селекции на Италија.

Се вчитува...