Никола Серафимов доби повик од Милевски за настап во А-селекцијата (ФОТО)

Младинскиот репрезентативец Никола Серафимов во иднина ќе го носи дресот на А-репрезентацијата откако доби повик од селектор Благоја Милевски за септемврискиот квалификациски цуклус за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

За младиот стопер кој забележа пет настапи за У21 репрезентацијата ова ќе биде деби во сениорскиот дрес со што новиот селектор на Македонија најави нови подмладување за дуелите против Ерменија, Исланд и Романија.

Оваа вест денеска ја потврди и неговиот клуб, Залаегерсег, кој се пофали дека доби репрезентативец во своите редови.

Се вчитува...