Пет години по заминувањето од Орландо, Никола Вучевиќ повторно ќе го носи дресот на Меџик.
Црногорскиот центар беше слободен да избере нова средина и долго време се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата, како и дали враќањето во Евролигата е реална опција.
Поранешниот член на Бостон потпиша едногодишен договор со франшизата од Флорида, за време на кој ќе заработи 3.9 милиони долари. Според информациите од ЕСПН, тој одбил финансиски попрофитабилни понуди за да се врати таму каде што ги пружи најдобрите игри.
35-годишникот пристигна во Орландо во 2012 година и остана таму девет години. Двапати беше избран на Ол-стар натпреварот (2019, 2021) и се смета за еден од најдобрите кошаркари во историјата на Меџик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
