Николиќ: За македонската кошарка е важно да има клубови како Соколи

Карпош соколи испиша нови страници во својата историја откако вечерва го освои пехарот во Купот на Македонија, прв трофеј за овој скопски прволигаш во најсилната конкуренција. Добрите игри во последните месеци беа само најава за одличното издание на „соколите“ на завршниот турнир во Кавадарци, на кој оваа екипа прикажа најмногу, па на крајот заслужено стигна до пехарот.

Честитки на тимот на Фени за одличните игри на овој турнир, од најубедливата победа во четвртфиналето, до елиминацијата на МЗТ Скопје. Одевме ден по ден, мислам дека денеска одигравме и најдобро. На дваесет години од постоењето на овој клуб освоен е првиот пехар, но уште поважно е што Македонија доби уште еден трофеен клуб. Некој исчезнуваше, некој опстануваше, но за македонската кошарка е важно да се појавуваат нови клубови кои ќе атакуваат на пехари. Фени во првото полувреме шутираше беспрекорно, во второто полувреме можеби им оставивме малку повеќе простор во рекетот, но затоа одлично ги затворивме нивните шутери од далечина. Одиме натаму, се вртиме кон АБА-лигата, мисијата продолжува“ – изјави Николиќ.

Се вчитува...