Нова сезона, нови предизвици и нови лични амбиции. Во пресрет на стартот на МТЕЛ Суперлигата, во серијалот „3х3 прашања“ ги ставаме во фокус играчите од десетте екипи кои ќе се борат за бодовите, победите и што подобар пласман.
Како се подготвени за новата сезона, што очекуваат од себе и кои се нивните лични цели? Одговорите на трите прашања ги откриваат нивните очекувања, мотиви и погледи кон сезоната која следува.
Во пресрет на првиот натпревар – три прашања, три одговори и лична порака од играчите на МТЕЛ Суперлигата.
1. Кои се амбициите на вашиот тим во новата сезона?
2. Кое ќе биде најголемото оружје на вашата екипа?
3. Што очекувате од новата МТЕЛ Суперлига?
СТРАХИЛ НИКОЛОВ (КАПИТЕН НА ТФТ)
1. „Во новата сезона имаме доста подмладен ростер ако не и најмлад во лигата, со тоа придонесува нова свежа енергија која мислам дека ни е доста потребна. Одигравме неколку пријателски натпревари кои ни помогнаа да се разиграме и да ја развиеме хемијата која што мислам дека е одлична пред стартот на сезоната. Очекувам да имаме многу добра сезона со се поголем успех како и секоја година“.
2. „Нашата цел е сезонава да ја задржиме таа брза игра во транзиција, со дополнување на плус некои други елементи. Тоа што не карактеризира е што имаме доста играчи кои можат да пополнат повеќе позиции. Тоа прави да бидеме многу подинамични, и секако најголем бенефит имаме од тоа што секој си ја знае својата улога во екипата“.
3. „Од новата сезона во МТЕЛ Суперлига очекувам многу неизвесни натпревари. Верувам дека секој секого може да победи и дека ќе има доста изненадувања“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
