Николов: Нашиот тренер рече дека оди да го земе семејството од Украина, а замина во војна

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов за романските медиуми зборуваше за ситуацијата со Шериф, и тренерот Јуриј Вернидуб, како и околу можна опасност од инвазијата на Русија во Украина.

Николов кажа дека бил изненаден откако ја видел сликата со тренерот во војничка опрема на фронтот, а на играчите им соопштил нешто друго.

„Се надевам дека ќе се врати поскоро. По мечот со Брага, рече дека ќе оди да си ја земе фамилијата и се враќа за три дена. После тоа ја видов фотографијата со него во војничка облека и навистина се изненадив. Сепак, ја почитувам неговата одлука и го ценам тоа што го прави. Тие се патриоти, исто како и ние“, рече Николов, кој рече дека засега во Тираспол е безбедно и дека не стравува.

Вернидуб замина да помогне на својата земја, иако пред само неколку месеци го однесе Шериф во Лигата на шампионите.

Се вчитува...