Николов: Покажавме и карактер и победнички менталитет

Големо е задоволството во таборот на македонската репрезентација, не само поради обезбедниот мундијалски билет, туку и начинот на кој стигнавме до него, со две импресивни партии во кои победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Филип Николов, кој добива се повеќе шанси во националниот тим и ја користи минутажата од селекторот Лазаров, не го криеше задоволството што за првпат во кариерата ќе настапи на еден ракометен мундијал.

„Гледајќи вкупно на двомечот, единствено воведните петнаесетина минути од првиот натпревар што се играше во Прешов беа резултатски израмнети. Во останатиот дел од двете средби бевме подобар противник и заслужено се пласиравме на Светското првенство. Го респектиравме противникот и не го потценивме, ниту се преценивме во ниту еден момент и тоа најдобро се виде на реванш натпреварот. Одигравме добар меч, бевме фокусирани и имавме целосна контрола. Покажавме и победнички карактер и менталитет и дека можеме да се бориме за секоја топка без разлика на резултатот во текот на сите 60 минути“, изјави Николов.

Се вчитува...