Ништо ново – Линдзи Вон пак го повреди коленото

Линдзи Вон ќе мора да го одложи стартот на својата скијачка сезона откако искусната Американка настрада за време на последниот тренинг пред трката во супервелеслалом што ќе се вози на Копер маунтејн. Американката во последните години редовно имаше проблеми со колената на двете нозе, повреда што ја обнови и со последниот пад.

Среќна околност е што не станува збор за кинење на лигаментите, што значи дека таа ќе ги пропушти првите трки на крајот од ноември, како и нејзиното „домашно натпреварување“ во Лејк Луис на почетокот од месец декември, но се очекува кон средината на наредниот месец да може да скија во полна пареа.

„Отокот не е спаднат, но добрата вест е дека не морам на операција. Не се грижете за мене“ – порача Линдзи Вон.

Американката претходно најави дека по завршувањето на скијачката сезона 2018/19 дефинитивно ќе му каже збогум на овој спорт.

Се вчитува...