Никола Миротиќ е нов кошаркар на Валенсија, потврди шпанскиот клуб. Миротиќ беше без клуб ова лето откако го напушти Монако, но пред почетокот на новата сезона постигна договор со Валенсија.
„Здраво, Валенсија. Слушнав дека барате играч на позиција четири, па еве ме мене“, изјави Миротиќ во објавата за неговото доаѓање на социјалните мрежи.
Триесет и петгодишниот кошаркар минатата сезона настапуваше за Монако и остваруваше просек од 11 поени, 4,3 скока и 1,4 асистенции на 31 натпревар во Евролигата. Тој имаше одличен процент на шут за три поени од 39,3 отсто и минуваше по 19,1 минута на теренот по натпревар.
Неговата иднина беше неизвесна по големите финансиски проблеми на Монако. Миротиќ на крајот го напушти клубот, кој потоа остана без место во Евролигата по само една сезона помината во елитното европско натпреварување со искусниот крилен центар во составот. Иако имаше шпекулации дека може да заврши во Будуќност, на крајот искусниот крилен центар ја одбра Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
