Уште пред извесно време беше најавен голем спектакл, можеби и последен меѓусебен дуел меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси откако челниците на Интер Мајами ја договорија турнејата низ Саудиска Арабија во која овој тим ќе се сретне и со Ал Наср.
Сепак, спектаклот ќе изостане откако Кристијано Роналдо се повреди пред десетина дена, а Ал Наср денеска и официјално објави дека португалската суперѕвезда нема да биде дел од дуелот со Интер Маками.
„Роналдо е во последна фаза од индивидуалните тренинзи пред да почне да тренира со екипата. Се надеваме дека за неколку дена ќе се приклучи на екипните тренинзи, но дефинитивно нема да може да настапи на следниот меч со Интер Мајами“, објави денеска тренерот на Ал Наср, Луис Кастро.
Поради оваа повреда на Роналдо тимот на Ал Наср мораше да откаже и две пријатески средби што тимот требаше да ги одигра во Кина.
Роналдо и Меси последен пат се сретнаа во Саудиска Арабија, кога ПСЖ одигра ревијален меч против Ријад Ол-стар тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА