Ница го посрамоти актуелниот француски шампион (ВИДЕО)

Лил дефинитивно не е истиот тим кој минатата сезона ја освои титулата во француската Лига 1. Откако во првото коло во самиот финиш успеаја да извлечат бод против Мец, овојпат фудбалерите на Лил на домашен терен доживеаја вистински срам откако загубија со 0-4 од Ница.

Долберг уште во првата минута донесе водство за гостите, а само четири минути подоцна веќе беше 0-2 со голот на Будауи. До крајот на првиот дел Гуири од пенал зголеми на 0-3. Во вториот дел Долберг со својот втор гол на натпреварот во 63. минута ги постави конечните 0-4.

Се вчитува...