Ница следна дестинација за Енис Барди!?

Енис Барди е пред заминување од Трабзонспор, откако се погласни се шпекулациите дека за да намали од буџетот за плата, турскиот првак ќе се откаже од услугите на неколку играчи, меѓу кои и од македонскиот репрезентативец.

Според последните информации од Турција, францускиот клуб Ница е најновиот тим во редот заинтересирани за услугите на македонскиот репрезентативец.

Исто така се споменува и враќање во Шпанија, откако и Мајорка наводно пројавила интерес за потписот за Барди. Барди од Леванте за околу 8 милиони евра дојде во Трабзон на почетокот на сезоната. Иако имаше неколку добри партии, сепак, се погласни се информациите за негово заминување и тоа уште во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...