Фудбалерите на Реал Мадрид славеа со 1-2 на гостувањето кај Еспањол на кам-бекот на Жозе Мурињо на клупата на кралскиот клуб во 2. коло од новата сезона во шпанската Ла лига.
Кралевите поведоа со 1-0 со голот на Џуд Белингем во 9. минута на асистенција на Арда Ѓулер. Сепак, до крајот на првиот дел домашниот тим успеа да израмни на 1-1 преку Калатрава во 30. минута.
Во вториот дел избраниците на Жозе Мурињо со сите сили тргнаа во напад, а во игра влезе и најскапиот фудбалер во историјата на клубот Јан Диоманде. Сепак, ниту една од големите ѕвезди на клубот не беше херој, туку фудбалерот кој дојде од екипата на Леванте, Карлос Еспи кој стрелаше за 1-2 во 91. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
