Она што е одамна познато, а тоа е дека Реал Мадрид идната сезона ќе има нов тренер. Од заминувањето на Чаби Алонсо од клупата, и назначување на Алваро Арбелоа, беше јасно дека ова не е долгорочно решение. Единствено освоена титула во ЛШ можеше да го спаси екс играчот на „кралевите“ да остане на клупата, но сега е јасно дека Флорентино Перез веќе бара нов тренер.
Во последните неколку недели се шпекулираше со различни имиња. Од „кам-бек“ на Жозе Мурињо, па потоа враќање на Зидан, преговори со Клоп, па и со Дешамп и Покетино, сепак, очигледно е дека ќе биде сосема некој трет.
Според информациите, Флорентино Перез веќе почнал директни преговори со актуелниот селектор на Аргентина, Лионел Скалони. Се тврди дека актуелниот предводник на „гаучосите“ после Мундијалот треба да го преземе водењето со Реал Мадрид.
Перез бил голем љубител на Скалони, бил воодушевен од настапите на Аргентина, со кој го освои Светското првенство 2022 година, па така тој е прв фаворит за тренер на најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.
На прашање дали ќе го продолжи договорот со Аргентина пред неколку недели, Скалони одговори:
„Јас сум на местото каде што секој Аргентинец посакува да биде. Сега размислувам само на престојниот Мундијал, и ништо друго не е важно“, изјави тогаш Скалони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

