Голманот на Баерн Минхен и капитен на тимот Мануел Нојер, ја коментираше групата на смртта во Лигата на шампионите, во која неговиот тим ќе игра против Барселона, Интер и Викторија Плзен.
Најинтересно од сево ова е што Роберт Левандовски ќе игра против својот поранешен тим, само неколку недели откако од Минхен се пресели во Барселона. Нојер не можеше а да не го спомене Полјакот.
„Барселона и Интер се силни. Станува збор за големи клубови, ќе играме на два одлични стадиони. Ќе биде убаво да се игра против Левандовски“, рече Нојер.
Левандовски пред ждрепката кажа дека не го посакува само Баерн во иста група, но ќе мора да се врати во Минхен каде што сигурно ќе го чека пекол откако самиот изрази желба по секоја цена да го напушти Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА