Норис до пол-позиција за спринтот во Мајами

По прилично слабиот почеток на сезоната, Ландо Норис се врати во „шампионски режим“. Шампионатот во Формула 1 продолжи по непланираната пауза поради настаните на Блискиот Исток, при што актуелниот светски шампион го освои првото место во квалификациите за спринт трката на Големата награда на Мајами.

Британецот го извози најбрзиот круг во Флорида (1:27.869), а заедно со него од првиот стартен ред ќе тргне водечкиот во генералниот пласман Кими Антонели. Пилотот на Мерцедес повторно забележа одличен резултат и ги одвои возачите на Мекларен на целта, оставајќи го зад себе Оскар Пјастри на третото место. Шарл Леклер од Ферари го постави четвртото најбрзо време, додека Макс Ферстапен од Ред Бул заврши петти.

Џорџ Расел од Мерцедес и Луис Хамилтон од Ферари, кои ќе стартуваат од шестата и седмата позиција не беа премногу задоволни по квалификациите. ТОП 10 за спринт трката, која е закажана за денеска од 18 часот, ја комплетираа Франко Колапинто и Пјер Гасли од Алпин, меѓу кои Исак Хаџар од Ред Бул заврши на деветтото место.

Се вчитува...