Норвешкото чудо од дете со магичен потег пред гостувањето во Скопје (ВИДЕО)

Норвешкиот репрезентативец Мартин Одегард направи магичен потег во дресот на Херенвен на мечот против Спарта Ротердам во холандското првенство. „Чудото од дете“ е всушност позајмен играч од Реал Мадрид во редовите на Херенвен, а шпанските медиуми истакнуваат дека тој го повторил потегот на Фернандо Редондо, кој во минатото го носеше дресот на „кралскиот клуб“.

На 11 ноември, Мартин Одегард со репрезентацијата на Норвешка ќе одигра пријателски натпревар против Македонија во Скопје.

Се вчитува...