Норвежанките до злато на крос-кантри трката 4х5 километри

Репрезентативките на Норвешка во нордијско скијање стигнаа до златниот медал на крос-кантри трката 4х5 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Норвежанките, во состав Остберг, Јакобсен, Хага и Бјорген победија со вкупно време од 51:24.3 минути, точно за две секунди подобро од Швеѓанките. Бронзата ја освоија скијачките на Русија кои зад победничките заостанаа 43 секунди.

Со ова злато, Норвешка стигна до седмото свое најсјано одликување досега на Зимските олимписки игри.

Се вчитува...